12:06 - 2 април, 2026

Утре во МКЦ: Театар Провокација гостува со „Разведи ме“

Театарската претстава „Разведи ме“ во режија на Роберт Ристов на репертоар во Младинскиот култрен центар. Утре, 22 март, со почеток од 20 часот ќе се разгледаат повеќе прашања преку улогите на Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов. Дали неверството мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор, со кој ќе го спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали после неверството сме засекогааш емотивно оштетени луѓе, кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат. Дали вреди да се продолжи бракот, заради децата? Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа?

Драматизацијата е работена по мотиви од урбаните сценарија: „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“. Значителен дел од дијалозите во текстот, се авторски делови на режисерот. Во снимените видеа играат актерите: Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски – Чоре (таткото).

Во 2022 претставата ја добила наградата „GRAND PRIX“ на „Фестивалот на дуо драмата” во Топола – Србија.

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....