7.8 C
Скопје
21:09 - 1 април, 2026

Уште еден руски менаџер од Газпром почина под сомнителни околности: СЕДМИ ВО ПОСЛЕНИВЕ ТРИ МЕСЕЦИ

Овој пат тоа е директорот на ски-центарот на рускиот гигант Газпром, Андреј Круковски, кој го загуби животот со „пад од карпа“ во Сочи.

Уште еден руски менаџер почина под мистериозни околности. Овој пат станува збор за директорот на ски-центарот на рускиот гигант Газпром, Андреј Круковски, кој го загуби животот ’паѓајќи од карпа’ во Сочи.

Ова го објавија меѓународните медиуми кои подвлекуваат како смртта се сметала за несреќен случај, но запомнете – пишува полскиот сајт Онет – дека во последно време трагично загинале неколку менаџери поврзани со Газпром или Кремљ.

37-годишниот менаџер, жртва на трагичната несреќа на пат од тврдината Аципсинско, бил пренесен во болница, но починал од повредите.

Круковски, пренесува полскиот медиум Онет, управувал со одморалиштето од 2019 година. Во 2014 година учествувал во организацијата на Зимските игри во Сочи.

Така, бројот на руски менаџери или олигарси кои загинаа во последните три месеци во сомнителни околности се искачи на седум, додека бројот на загинати лица поврзани со рускиот гигант Газпром или една од неговите подружници се искачи на пет.

Сомнителна смрт на руски олигарси: Шест смртни случаи за три месеци, хипотеза за убиство или самоубиство?

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....