5.8 C
Скопје
01:36 - 21 февруари, 2026

Уапсен Паф Деди, по рацијата во неговиот дом: Полицијата го пресретнала на улица

Раперот се соочува со низа обвинувања.

Американскиот рапер и хип-хоп магнат Шон „Диди“ Комбс е уапсен во Њујорк по обвинение кое се уште е запечатено, јавуваат светските медиуми.

Обвинителот на јужниот округ на Њујорк, Демијан Вилијамс, изјави дека раперот бил уапсен од федерални агенти на Менхетен и дека обвинението се уште е запечатено, пренесува Ројтерс, додека Би-Би-Си пренесува дека Вилијамс рекол дека деталите за обвинението ќе бидат откриени во текот на денот.

Адвокатот на Комбс, Марк Агнифило, рече дека неговиот клиент е „невин човек“.

Апсењето на раперот уследи по рациите на два негови имоти во Лос Анџелес и Мајами во март, како дел од истрагата за наводите за сексуален напад.

Музичарот се соочува со низа обвиненија, од сексуален напад до злоупотреба, за што беше обвинет и од неговата поранешна партнерка Касандра „Кеси“ Вентура.

Тој беше обвинет и за силување на девојка, а тој ги отфрли сите обвиненија.
Правните проблеми на Комбс започнаа минатиот ноември кога Вентура поднесе тужба против него.

Истата недела, уште две жени поднеле пријава за злоупотреба и напад.

Овој февруари тужба поднесе и поранешниот продуцент на раперот Родни Џонс Џуниор, кој рече дека Комбс се обидел да го „присили“ на секс со други мажи.

Комбс ги негираше обвинувањата, но еден месец подоцна неговиот имот беше претресен.

Во мај беа објавени видео снимки на кои се гледа како тој ја напаѓа и ја тепа својата поранешна партнерка Вентура, за што таа тврдеше во тужбата.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....