01:37 - 12 ноември, 2026

Три најважни пророштва на Баба Ванѓа за 2023: Разорна соларна бура и биолошко оружје ќе го променат животот на Земјата

Визиите на Баба Ванѓа многумина ги опишуваат како најпознати и најточни.

Вангелија Пандева Гуштерова е јасновидец од 20 век, а за нејзините пророштва се вели дека се точни повеќе од 85 отсто. Предвидувањата на оваа исклучителна жена за 2023 година не се баш најдобри.

Баба Ванѓа почина во август 1996 година, оставајќи зад себе бројни пророштва кои се однесуваат на нашето и идното време.

Се верува дека оставила три важни пророштва кои би можеле да се остварат во 2023 година, пишува Sky history.

Разорна соларна бура

Едно од поалармантните предвидувања за 2023 година што ѝ се припишува на Баба Ванѓа се однесува на соларна (сончева) бура што може да има фатални последици.

Терминот „сончева бура“ може да се однесува на неколку феномени. Моќни ерупции можат да стигнат до Земјата и да предизвикаат геомагнетни бури кои потенцијално можат да направат хаос.

Најдраматичниот пример во историјата бил настанот во Карингтон во 1859 година. Магнетната бура именувана по британскиот астроном Ричард Карингтон ги урнала телеграфските мрежи и предизвикала бројни пожари и електрични удари.

Доколку вакво нешто се повтори денес, ефектите врз секојдневниот живот би биле практично несогледливи.

Промена на орбитата на Земјата

Ова е особено фасцинантно пророштво, зашто последиците од дури и суптилни промени би биле исклучително сериозни.

На пример, температурните скокови и нивото на радијација би имале страшни последици за животната средина, односно за опстанокот на животот на Земјата.

Ваквата промена би можела да биде предизвикана и од, на пример, удар на астероид.

Употреба на биолошко оружје

Баба Ванѓа имала визија за 2023 и за употреба на биолошко оружје кое би било тестирано од една голема земја/сила.

Невозможно е да се знае точно на која земја се однесуваат овие прогнози на Баба Ванѓа, исто како што не е јасно колкав би бил обемот на таквите експерименти.

Пророштвата на Баба Ванѓа честопати биле многу криптични и затоа се и често погрешно протолкувани.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....