5.8 C
Скопје
01:53 - 1 април, 2026

Три македонски музичари номинирани на „HEMI Music Awards 2023“, еве кои!

Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации  – „ХЕМИ“ ги откри 27-те номинирани музичари за третото издание на „ХЕМИ Музички Награди“ (HEMI Music Awards) меѓу кои се номинирани и три македонски изведувачи и тоа: Дина Јашари, „Јон Ајди“ и „Перија“. 

Од вкупно 280 извонредни европски изведувачи, од разновиден спектар на жанрови, кои одговорија на повикот за учество, меѓународно жири на професионалци од музичката индустрија ги избра 27-те изведувачи кои ќе се придружат на „ХЕМИсферата“!

Дина Јашари

Овие номинирани соло изведувачи и групи доаѓаат од 9 држави во централна и југоисточна Европа (Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словенија) и ќе учестуваат во првата фаза на „ХЕМИ Музичките Награди“. Таа фаза вклучува воведни активности за номинираните, кои имаат за цел да помогнат изведувачите да го развијат својот капацитет за влез на нов пазар.

Јон Ајди

Активностите на „ХМА“ ја комбинираат теоријата и праксата, а над се нудат животно искуство! Учесниците ќе имаат пристап до онлајн состаноци и предавања за збогатување на нивното знаење за музичката индустрија, особено проблемите во секторот за настапи во живо. Тие дополнително ќе добијат акредитации за учество на водечките европски изложбени фестивали и конференции, проследени со интернационално покровение во медиуми.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....