10.8 C
Скопје
17:27 - 24 февруари, 2026

Трамп за обвинението: „Не мислев дека тоа е можно во Америка, ова е навреда за нацијата“

Единствениот прекршок што го направив беше тоа што бестрашно ја бранев нашата земја од оние кои сакаат да ја уништат, рече Трамп.

– Не мислев дека тоа е можно во Америка – изјави во вторникот вечерта Доналд Трамп во врска со обвинението што му беше прочитано неколку часа претходно во судот во Њујорк.

– Единствениот прекршок што го направив беше тоа што бестрашно ја бранев нашата земја од оние кои сакаат да ја уништат – рече поранешниот претседател, нарекувајќи го обвинението „навреда за нацијата“, обраќајќи им се на приврзаниците од неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида. .

Откако се врати во својата резиденција во вторникот, Доналд Трамп го нарече официјалното кривично обвинение „навреда за нацијата“.

Поранешниот американски претседател и се обрати на јавноста од истата сала за церемонии во одморалиштето Мар-а-Лаго каде на 15 ноември ја објави својата трета кандидатура за Белата куќа.

Неколку часа претходно, Трамп (76) се изјасни за невин за фалсификување сметководствени документи во судот во Менхетен, на сослушувањето кое ги разбранува страстите во земјата.

Откако ја напушти судницата како слободен човек, без судски надзор, Трамп ќе се обиде се за да го спречи судењето во јануари 2024 година, само неколку месеци пред претседателските избори за кои се кандидираше.

Трамп е обвинет дека и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година да молчи за нивната врска пред претседателските избори. Даниелс рече дека и платил 130.000 долари за молчењето. Трамп ги отфрла обвинувањата и тврди дека тие се политички мотивирани.

Покрај овој случај, Трамп е под посериозни истраги за неговата улога во нападот на Капитол, управувањето со претседателската архива и притисокот врз избирачите во Грузија.

Слични објави

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на синот на Драгана Мирковиќ, неговиот татко јавно му се обрати

Еспресо

Поднесени 3 кривични пријави против Десингерица откако на настапот во Врање донел живо јагне

apostolova

Лепа Брена со насолзени очи во филмот за Саша Поповиќ: „И кога ни беше најтешко, секогаш се договаравме да продолжиме“

Е.А.

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Е.А.

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели неодоливо видео со синот Марио: „Што си ѝ ти на мама?“

Еспресо
Се вчитува....