24.8 C
Скопје
15:44 - 29 март, 2024

Трагична судбина на ќерките на Балашевиќ: Пред Јована, Јелена беше жртва на семејно насилство

Во регионот вчера се прошири веста дека актерката Јована Балашевиќ, ќерка на починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, го пријавила својот невенчан сопруг Александар Јовановиќ за семејно насилство. Таа проговори и призна дека случајот против него е во тек.

– Не би рекла ништо на таа тема, за доброто на децата и семејството. Точно е дека го пријавив сопругот, постапката е во тек. Тоа е се што можам да кажам засега, сфатете ме – изјави Јована за српски Блиц.

Овој случај ја потсети јавноста, особено фановите на Ѓорѓе Балашевиќ, на насилството што го доживеа нејзината сестра Јелена, за што јавноста дозна во 2015 година. Тогаш целото семејство застана покрај неа, а таа изјави дека е важно семејството да ја поддржи жртвата на насилство.

– Сестра ми проговори за семејното насилство. Најлошо е да молчиш за овие работи, но кога зборуваш, проблемите можат да се решат. Ги поддржувам жените кои јавно зборуваат за тоа, бидејќи најлошо е да се премолчат овие работи. Виновна е околината што гледа, а што не сака да се меша. Треба да се вклучите, а понекогаш и тоа не е доволно. Ги разбирам и мажите на кои им е нарушен авторитетот поради тешкотијата да заработат, ни нив не им е лесно, но тоа е дисбаланс кој треба да се надмине. Најважно е да се зборува за сето тоа – изјави тогаш Јована во емисијата „Премиер викенд специјал“.

Таа потоа го пријавила насилството, но изјавила дека со години се срамела да зборува дека го доживеала. Тогаш објасни дека се почнало со навреди, па туркање, а по извесно време и првпат ѝ удрил шлаканица. Тој се заколна дека тоа нема да се повтори, а по следните два шамари, таа ги спакува куферите и го остави насилникот.

Слични објави

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо
Се вчитува....