01:30 - 5 април, 2026

Том Хенкс платил превисока цена додека го снимал „Бродолом“: „Раната за малку ќе ме убиеше“

Том Хенкс откри дека за малку ќе умрел додека го снимал еден од неговите најпознати филмови, култниот класик „Бродолом“ од 2000 година.

Хенкс го играше Чак Ноланд во една од неговите најпрепознатливи улоги, човек кој мора да преживее на пуст остров откако авионот со кој патуваше се урна и преживеа. Но, Хенкс речиси со својот живот го плати снимањето на тој филм.

Тој за Би-Би-Си изјави дека добил исекотина на ногата која му се заразила, поради што итно бил префрлен во болница.

„Завршив во болница поради филмот. Бев таму три дена поради нешто што, верувале или не, за малку ќе ме убиеше“, рекол тој.

Актерот раскажа дека на почетокот мислел дека станува збор за обична рана, но докторот само што ја погледнал раната го испратил веднаш во болница.

Тоа, како што раскажа актерот, се случило пред да добие сепса.

„Докторот рече дека треба да одам во болница веднаш пред да ми ја отруе инфекцијата крвта и пред да умрам“.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....