17:45 - 1 февруари, 2026

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Српскиот музичар Милиќ Вукашиновиќ ги искоментирал наводите дека бендот „Бјело дугме“ ќе има нов пејач кој ќе добие баснословни пари од Горан Бреговиќ.

Милиќ отворено зборувал за Бреговиќ, но и за неговиот став кон парите.

– Тоа е класична лажна вест. Прво, 250.000 евра Бреговиќ да му даде на пејач кој би го дал задникот за да биде пејач во тој бенд е невозможно. Според тоа, веднаш се гледа дека е лага. Тој не плаќа ниту за кафе, а камоли за 250.000 евра – рекол Милиќ во „Премиер викенд специјал“ и признал дека не би настапувал со Брега:

– Така е, човекот ги сака парите, но само ако парите се кај него и тој куп пари да не се намалува. Бидејќи ако почне да се намалува, се чувствува како да му ги вадат бубрезите на живо. Да ме покани на настап, нема да дојдам дури и да ги добијам тие 250.000 евра. Тој се покажа како глушец и јас реков дека нема да свирам повторно, ниту да се сретнеме.

Во „Премиер викенд специјал“ Милиќ зборувал и за својата здравствена состојба откако му беше ампутирана ногата.

– Ногата слуша, протезата не слуша. Ја носев многу долго време, се здебелив, па сега ми е премала. Шетам мошне малку, бидејќи сум генетски мрзлив. Не сакав да одам ниту со две нозе, а камоли сега со протеза. Треба да добијам протеза со свиткувачки колена, а потоа ќе одам многу повеќе бидејќи ќе ми биде полесно. Оваа сега е тешка и не е подвижна. Сè уште имам фантомски болки. Ова обично им се случува на луѓе на кои им е ампутиран некој дел од телото. Болката сега е поретка и помала, но најчесто го имам истото чувство како кога ми имав стапало. Кога ќе се случи таа болка, понекогаш ми доаѓа да врескам.

Слични објави

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо
Се вчитува....