Приватниот живот на пејачката секогаш предизвикувал големо внимание во јавноста, но и бројни шпекулации.
Пејачката Рада Манојловиќ во повеќе наврати призна дека користела лекови за смирување.
„Тоа е многу незгодна работа. Баш бев навлечена. Шест месеци не можев да се откажам од Ксанакс. Ова го зборувам јавно бидејќи секој што ќе помисли: ќе земам, па ќе престанам кога ќе одлучам дека повеќе не ми треба, се лаже. Не е тоа така лесно. Многу тешко ми беше да се откажам од таблетите. Лекови би препорачала само во крајна нужда. На пример, ако изгубите член на семејството, па мора да ги користите за да ја ублажите болката“, предупредуваше Манојловиќ, која користела и услуги на психијатар.
Посебно под лупа на шпекулациите биле нејзините емотивни врски, а популарната пејачка неодамна проговори за крајот на врската со колегата Харис Беркoвиќ.
„Независно од личноста со која сум. Тоа му го објаснував и на Харис, и на други, но сите тие мислат дека е до нив, во смисла – со мене не сакаш дете… А јас, некако… Личност на која ѝ треба Ксанакс, која не може сама да реши некој вербален проблем, однос со луѓето, не мислам дека е подготвена за дете и за воспитување дете, јас која бегам од сè“, рече Рада.
Манојловиќ откри дека поради љубов страдала од несоница, па токму тогаш почнала да користи Ксанакс.
„На мене ми беше лесно додека се дружев со хемијата, но ми беше тешко да се оддружам од неа, да се откажам од тоа. Никогаш не требаше да го направам тоа без совет на лекар. Мене лекот за смирување ми значеше сон. Тогаш не можев да спијам, бев во една врска, а се заљубив во друг. По совет на лекар успеав да се откажам од Ксанакс. Јас сум паметница, после осум месеци прекинав одеднаш. Почувствував дека тоа повеќе не ми треба и едноставно прекинав. Првиот ден – во ред, вториот ден – потење, третиот ден… Јас веќе бев на доза од 1.75, тоа беше баш голема доза. И почнав да се потам, па потоа спиев по 48 часа, уште полошо, па катастрофа од сон… Тогаш го направив тоа што требаше на почеток – побарав совет од стручњак. Ми рекоа: пиеш две, па 1.75, па една и пол, па на секои две недели сè помалку“, откри пејачката за „Блиц“.
