7.8 C
Скопје
01:05 - 31 март, 2026

Тејлор Свифт и Мети Хили раскинаа: „Не сме еден за друг“

Тејлор Свифт и Мети Хили се разделија по само еден месец врска, еден ден откако се појави веста дека пејачот од бендот 1975 бакнал маж од обезбедувањето на концерт во Данска.

Инсајдер од нивниот внатрешен круг зборуваше за нивната врска и иако причината зошто се разделиле не е откриена, изворот изјави за ЕТ дека „Тејлор и Мети раскинаа. И двајцата се екстремно зафатени и сфатија дека навистина не се компатибилни со едни со други“.

Според инсајдерот, „Пријателите на Тејлор го сакаат она што е најдобро за неа и не се шокирани што нивната врска пропаднала откако таа неодамна излезе од долгогодишна врска“.

Гласините за нивна врска започнаа кога постојано се гледаа заедно од почетокот на мај, а подоцна беа „уловени“ и како се бакнуваат и гушкаат во познат хотел на Менхетен.
Според NY Post, Мети и Свифт накратко излегувале и во 2014 година, кога, како што тврди америкаскиот весник, Свифт признала: „Разменивме броеви, ајде да видиме што ќе се случи“.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....