2.8 C
Скопје
22:56 - 24 декември, 2024

Тажни детали за погребот на Ален Делон: „Сакам да ме погребат како било кој“, но сепак…

Ален Делон беше погребан „во најстрога доверливост“ на неговиот имот. Францускиот актер, кој почина минатата недела на 88-годишна возраст, рече дека сака да биде погребан како „било кој друг“.

Тажни обожаватели со песна го испраќаат славниот актер пред железните порти на имотот на Делон, принтскрин 

Иако Ален Делон изрази желба да биде погребан како „било кој друг“, пишува Обсервер, толпа новинари, телевизиски екипи и обожаватели се собраа пред портите од ковано железо на неговата куќа на село во саботата, па така стана јасно дека тоа не е само „нечиј погреб“, туку погреб на легендарен актер.

Семејството инсистираше на тоа дека актерот сака неговиот погреб да се случи во присуство на мала избрана група од семејството и мал број најблиски пријатели. Неколку часа пред почетокот на церемонијата, полицијата го блокирала главниот пат до неговиот имот.

Само на мал број на присутни на погребот, главно во црни луксузни теренци со затемнети стакла, им било дозволени да влезат преку портите на имотот познат како Ла Брулери, во близина на селото Соулс на Лоара, 45 километри југоисточно од Париз.

Меѓу поканетите на погребот биле и министерката за култура Рашида Дати, како и Пол Белмондо, син на главниот ривал на Делон, Жан Пол Белмондо, и актерот Винсент Линдон.

Во текот на целата недела од неговта смрт, цел „ѕид“ од цвеќиња полека растеше покрај високите порти на домот на Делон додека локалните жители и обожавателите седеле пред влезот на имотот.

Во саботата попладне за време на погребот, и покрај ризикот од сончев удар и дехидрација поради многу жешкото време, обожавателите на глумецот продолжиле да доаѓаат. Од толпата насобрани луѓе, многумина се онесвестиле па интервенирала и Брзата помош, пишува Обсервер.

Иако Делон побарал да не се одржува никаква „национална церемонија“, повеќе од стотина луѓе одече со часови пеш до неговиот имот, носејќи букети цвеќе. Огромен број се потпишале во книгата на жалост поставена пред железната порта на имотот.

Потсетуваме, во 2018 година во интервју за „Пари меч“, Делон призна дека имал 50 кучиња во животот, но дека со Лубо, белгиски овчар, што го вдомил во 2014 година, има посебна врска и дека сака да биде погребан со него.

„Имав 50 кучиња во мојот живот, но имам посебен однос со ова куче“, изјави тогаш Делон. „Ако умрам пред него, ќе го замолам ветеринарот да тргнеме заедно на тој пат“.

Слични објави

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „На полноќ ќе испратам порака до мојата драга девојка која…“

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во станот на Лидија Вукичевиќ во кој вложи 200.000 евра: Книги, камин среде собата, новогодишни украси…

Еспресо

(Фото) Од сончевиот Мајами во снежна Србија: Српската старлета со метла го чистеше луксузниот автомобил

Еспресо

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо

(Фото) Брена му седна во скутот на Боба, тој ја држи со раце и не ја пушта: „Бакни ме“

Еспресо
Се вчитува....