3.8 C
Скопје
23:13 - 26 октомври, 2026

(Фото) Која е новата љубов на Бен Афлек: Богата наследничка што сонува за добра улога во филм

52-годишниот американски актер и режисер Бен Афлек, оскаровец, чија сопруга Џенифер Лопез поднесе барање за развод на втората годишнина од нивниот брак, на 20 август, не губи време. Славната личност била забележана со 36-годишната Кик Кенеди, ќерката на поранешниот претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор, пишува Page Six.

Но која е Кик Кенеди?

Двојката била забележана во ресторанот Polo Lounge во хотел во Беверли Хилс. И покрај фактот дека тие се видени заедно повеќе од еднаш, природата на врската помеѓу Бен и Кик во моментов е непозната.

Кик, позната како Кетлин Александра, е актерка која се појавила во мали улоги во неколку ТВ серии и филмови, вклучувајќи го „Curb Your Enthusiasm“ со нејзината маќеа Шерил Хајнс. Нејзината последна улога била во филмот од 2021 година „Страв и омраза во Аспен“.

Дипломирала на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, каде студирала историја и театар.

Кик со татка си, фото Инстаграм

Кик Кенеди е далеку од нова во светот на славните. Во 2012 година го запознала Конор, братот на пејачката Тејлор Свифт, со кого била во емотивна врска. Судејќи според нејзините страници на социјалните мрежи, таа сака патувања, животни и забави.

Девојката го добило името по нејзината братучетка Кетлин Кенеди, која и неа во семејството ја нарекувале Кик. Имено, Кетлин Агнес во 1920 година ѝ била постара сестра на дедото на Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и на вујкото, претседателот Џон Ф. Кенеди.

Кетлин Агнес го шокирала своето побожно католичко семејство со тоа што се омажи за Вилијам Кевендиш, маркизот од Хартингтон и протестант, во 1944 година.

Бракот бил краткотраен, само четири месеци, бидејќи Кевендиш загинал во битка Белгија во септември истата година. Кетлин пак, загинала четири години подоцна во авионска несреќа во Франција.

Бен Афлек, според пишувањата на америкаските медиуми, не изгледа вознемирен поради гласините за развод од Лопез. Времето го поминува со своите три деца и поранешната сопруга Џенифер Гарнер. И секако со својата нова љубов, богатата наследничка од славно политичко семејство која сонува да добие посериозна улога.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....