12.8 C
Скопје
16:20 - 26 октомври, 2026

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Кармен Салинас – кралицата на мексиканските сапуници!

Кармен Салинас

Кармен Салинас, ѕвездата на мексиканските сапуници, почина на 82-годишна возраст, пренесува „ABC7“.

Семејството на актерката тажните вести ги потврди на социјалните мрежи. Тие велат дека Салинас починала во четвртокот.

Во соопштението се вели дека за времето и местото на последното збогување дополнително ќе ја информираат јавноста. Семејството им се заблагодари на сите обожаватели за бројните пораки за поддршка.

Салинас била хоспитализирана минатиот месец откако претрпела мозочен удар и паднала во бањата во нејзиниот дом. Оттогаш таа била на интензивна нега во болницата во Мексико Сити.

Кумот на актерката, Хорхе Нието, тогаш изјавил дека Салинас била во кома од која веројатно нема да се разбуди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Salinas (@carmensalinas_56)

„Ја прегледуваа тројца невролози и се согласија дека мозочниот удар направил голема штета. Она што ни го кажуваат е дека повеќе нема да се разбуди, но чекаме какво било чудо, се може да се случи“, рече тој, пренесе „Memesita“.

Актерката зад себе остави над 60 години кариера во мексиканските сапунски опери и филмови. Таа беше и член на Претставничкиот дом на Мексико.

Слични објави

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо
Се вчитува....