8.8 C
Скопје
09:32 - 4 март, 2026

„Татко ми ме пречека со пушка кога се разведов“: Фолкерката го фатила сопругот како ја изневерува па љубовницата ја фрлила во Сава

Фолк-пејачката Зорица Марковиќ отсекогаш важела за жена без влакна на јазикот, но деталите од нејзиниот приватен живот ги надминуваат и највозбудливите филмски сценарија. Од тешко детство и непланирано раѓање, преку страшни изневерувања и трагедии, па сè до клиничка смрт и естрадни саботажи, пејачката отворено зборувала за сè низ што поминала.

Зорица е родена во селото Тубиќи кај Косјериќ, во семејство со единаесет членови. Како што самата вели, таа била непланирана бременост, бидејќи забременила во исто време кога и нејзината 20 години постара ќерка.

Поради големата срамота, мајка ѝ ја криела бременоста и носела тешки вреќи надевајќи се дека ќе го изгуби бебето. Сепак, Зорица преживеала. До училиште пешачела по 12 километри дневно, минувајќи низ шуми и газејќи змии. Талентот за музика го открила рано, а првите настапи ги имала пред дедо ѝ, пеејќи му за да го смири кога ќе се напиел и така да го зачува мирот дома.

– Јас ти бев родена без план. Мајка ми полуде кога остана бремена. Сестра ми, која беше дваесет години постара од мене, тогаш се омажи и остана бремена во исто време. За мајка ми тоа беше голема срамота. Носеше вреќи, се мачеше, само да не ме роди. Но ете, сум се родила … Фала му на Бог што тогаш не се правеа абортуси, па Бог ме спаси – раскажала таа.

Нејзиниот прв брак со хармоникаш, од кој го има синот Дејан, се распаднал кога го фатила во неверство. Враќањето во родителскиот дом не било лесно – татко ѝ ја пречекал со двоцевка затоа што во тоа време разводот се сметал за срамота.

– Кога се разведов, се вратив кај моите. Татко ми ме пречека со двоцевка, бидејќи тогаш беше срамота да се разведеш. Некако го надминавме тоа, ми помогнаа, но за жал, Дејан тогаш му припадна на татко му. Социјалните служби гледаа сè – каде работиш, каде живееш, со кого – па детето му го доделија на него – раскажала Зорица.

Ни вториот брак, во кој го добила синот Илија, не ѝ донел мир. Кога го фатила сопругот во измама, реагирала бурно:

– Ја фатив со двете раце и ја фрлив во Сава! Не знаеше да плива – изјавила пејачката, додавајќи дека веднаш побарала развод, ја продала заедничката куќа и ставила крај на приказната.

Од тој период носи и голема траума, била бремена со близнаци, но едно од бебињата го изгубила за време на бременоста.

Стресниот живот, работата, разводите и смртта на мајка ѝ, која починала од Алцхајмерова болест, оставиле сериозни последици врз нејзиното здравје. Зорица доживеала клиничка смрт поради нарушена здравствена состојба, но лекарите успеале да ѝ го спасат животот.

Слични објави

(Фото) Радост во домот на Ана Севиќ: Пејачката го слави најважниот ден, Дарко Лазиќ отсутен поради оправдана причина

Е.А.

Хороскоп за 4 март: Лавовите ќе бидат арогантни во љубовта, Скорпиите ќе добијат важна информација

Еспресо

„Денес ќе дознам кога ќе одам на операција“: Рале и Ана фотографирани заедно во хотел, таа му е голема поддршка

E.A.

„Целосно ја истрижав косата, а тој…“: Карлеуша низ солзи за Поповиќ кој ѝ помогнал по смртта на нејзината мајка

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ го напуштила ресторанот кога се појавила Нада Топчагиќ?! Не се поздравиле поради фотографијата на која се топлес

Еспресо

Вистината од семејниот дом на легендарниот Шабан Шаулиќ: Пејачот носел перика цели 10 години

E.A.
Се вчитува....