01:21 - 10 април, 2026

Тамара Тодевска се разведува: „Одлучив да излезам од кафезот“

Популарната пејачка Тамара Тодевска по седум години брак, реши да стави крај на бракот со поранешниот кошаркар Александар Димитровски Мачка.

Тамара изјавува дека долго време живеела во агонија, а одлуката не ја донела преку ноќ.

– Во тој „кафез“ бев многу долго, живеев во некоја агонија, се се вртеше во круг, па тие зборови излегоа од мене од некој гнев. Додека пишував ми се враќаше што ми се случуваше во претходниот период. Решив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека тоа е лесно, ако навистина тоа го сакате. Ова е за сите кои имале проблем со говорот на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, имале безизлезна ситуација – објаснува поп пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

– Формално се уште сум во брак, но не живееме заедно. Во супер односи сме, имаме две деца и се согласуваме подобро отколку кога бевме во брак. Тоа е супер нешто што го направивме еден за друг – истакна пејачката во емисијата „Гранд Магазин“ која се емитува на српската телевизија Гранд.

Во интервјуто, Тамара објасн и дека по разделбата Александар имала голема поддршка од семејството и пријателите.

– За се постои излез, само треба да верувате. Јас сама не излегов од тоа, тука се пријателите, родителите, психолозите, не се срамам од тоа. Најважно од се е што јас излегов од тој кафез – истакна Тамара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Слични објави

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо

(Фото) Вистинска семејна идила – Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ имаа посебен ден со ќерките

Еспресо

(Фото) Мора да ги видите фотографиите на Цеца Ражнатовиќ во бикини на Кипар!

Еспресо

(Фото) Лидија Вукичевиќ денес слави – му се обрати на својот син со емотивни зборови: „Љубов моја…“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се причестила на Велики четврток, а се расплакала поради сцената што ја доживеала на пазар

Еспресо

Аца Лукаc откри детали од скандалот во Гетеборг: „Бевме измамени и лажно претставени“

Еспресо
Се вчитува....