11:26 - 13 ноември, 2026

(Фото) Сузана Манчиќ изненади со торта со бројот 50 – поранешната лото девојка прослави половина век кариера

Сузана Манчиќ прослави голем јубилеј – 50 години од својата кариера. Поранешната лото девојка објави фотографија на која позира во елегантен црвен кадифен фустан покрај торта со голем златен број 50.

Најпознатата лото девојка од поранешна Југославија сподели фотографија од прославата на Инстаграм.

„Не, не ми беше роденден, но поминаа 50 години откако беше објавен „Огледалце“, мојот прв музички хит. Имав чест да прославам 50 години од мојата кариера. Половина век прекрасна авантура што продолжува до ден-денес“, напиша таа во објавата.

„Многу работи се зад мене, десет албуми, неколку години игри од Лото, десетици часови шоу програми, музички емисии, утрински програми и неделни попладневни часови, фестивали, ТВ серии… Ви благодарам на сите што верувавте во мене“, додаде таа.

Инаку, Сузана ја започна својата кариера со песната „Огледалце, огледалце“. Подоцна работеше како водителка на забавни емисии, а стана позната по водењето на емисијата Лото. Таа помина четири години вадејќи топчиња од тапанот и стана најпознатата лото девојка.

Манчиќ глумеше и во филмовите „Жика династија“ и „Чао, инспекторе“ и во серијата „Село гори, а баба се насишља“. Таа напиша и две книги.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....