7.8 C
Скопје
22:12 - 1 април, 2026

Српските медиуми тврдат дека Николина Пишек прогласила банкрот во 2020 година, а државата ѝ ги простила долговите

Српските медиуми пишуваа за финансиските проблеми на водителката Николина Ристовиќ екс Пишек и дека по смртта на сопругот Видоје Ристовиќ се нашла во долгови, а сега тврдат дека прогласила банкрот во 2020 година по лошите деловни резултати на нејзината компанија за облека за деца и возрасни.

Блиц пишува дека Николина и Видоје досега во јавноста се појавувале како исклучително богати луѓе, поседувале збирки на скапи уметнички дела, накит и недвижен имот, но како што вели Миша Гроф, сето тоа гласи на него.

– Финансиската агенција ФИНА на 13 август го започна стечајниот процес пред општинскиот граѓански суд во Загреб против компанијата на Николина, а судијката Ивана Принцип после тоа одлучила да ја ослободи од обврските кон своите повереници – пишуваат српските медиуми, а наводно станувало збор за долгови кон Загрепскиот холдинг, Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) и Министерството за финансии во износ од 15.000 куни.

Откриваат и дека поранешната водителка има два хипотекарни долгови за вила на улицата Полањшчак во Загреб. Првото заложно право на тој имот е подигнато на 14 мај 2021 година и заведено како заложно право според договорот за станбен кредит во износ од 400.000 евра, додека вториот заем во еднаков износ е подигнат на 28.05.2021 година.

Миша Гроф неодамна за српските медиуми изјави дека неговата снаа нема пари и дека од него побарала одредена сума за да продолжи со реновирањето на куќата во Загреб. Затоа нагласи дека нема намера да го дели имотот на Видоје со Николина бидејќи е целиот негов, иако таа бара дел од имотот и тврди дека и припаѓа по смртта на сопругот.

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....