17:02 - 13 ноември, 2026

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Пејачката Надежда Биљиќ водеше битка со ракот, од која излезе како победник.

Нејзиниот сопруг Тома Паниќ објави точен список на познати личности кои ѝ пружиле поддршка во најтешките моменти.

– Е, вака, што се однесува до јавните личности и кој ѝ испрати порака за поддршка на Нада кога беше животно загрозена, тоа се Кија Коцкар, Александра Младеновиќ, Јелена Костов, Дарко Танасијевиќ, Нела Видаковиќ, Нела Бијаниќ, Милан Милошевиќ, Огњен Амиџиќ – открил Тома и додал:

– Секако дека има и луѓе кои не се јавни личности и не би ги именувал, тука се и некои новинари и чесни луѓе. Ви благодарам и нема да заборавиме. Што се однесува до другите колеги, имаше и шеги на сметка на жена која страда од рак, но нема да зборуваме за тоа. Нека им служи на честа – напишал Тома Паниќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Toma Panic (@iamtomapanic)


Надежда Биљиќ неодамна објави на Инстаграм дека резултатите се пристигнати и дека органот на којшто имала рак се опоравува.

– Драги мои, сакам да ви се обратам како и секогаш ОТВОРЕНО и ИСКРЕНО. Прво, морам да ви кажам дека магнетот пристигна и дека сум среќна затоа што органот каде што беше ракот е во регресија, односно во закрепнување и дека сè е во ред – открила пејачката и додала:

– Јас и моето семејство, како што мислат некои луѓе, нема да одиме никаде од нашата земја, затоа што, пред сè, ќе морам редовно да одам на прегледи и да го следам моето здравје, а уште поважно од тоа е што сум чиста пред Бога, а и пред луѓето – напишала Надежда Биљиќ, меѓу другото.

 

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....