3.8 C
Скопје
03:51 - 17 март, 2026

Српската пејачка откри детали за финансиската состојба: Порано заработував 50.000 марки за една ноќ, а сега земам кредит за да снимам песна

Спрската пејачка Маја Николиќ откри дека искеширала 7.000 евра за песната „Жали, срце моје“, со која настапи на Песна за Евровизија 2025, а за истиот музички натпревар во 2026 ќе претстави нова песна со која сака да победи и да ја претставува Србија на Евровизија.

– Двете нови песни чинат многу и јас самата ги платив. Сè инвестирам сама, немам спонзори. За „Жали, срце моје“ платив 7.000 евра на авторите Рале Ратковиќ и Александар Копац. Работам секој петок и сабота. Кога немам, земам кредит како и секој друг нормален човек и ги отплаќам моите песни. Исто така, пеам свадби, прослави, и домашна и странска музика, народни песни – рече Маја Николиќ и откри дека порано настапувала на новогодишни забави за огромен хонорар.

– Хонорарот ми е важен. Пеам на две места и добивам приближно ист хонорар колку што некој добива на едно место. Многу е подобро да се работи и да се биде скромен и да се издржат 35 години како мене. Бев најголемата ѕвезда додека не отидов во Америка. Моите настапи чинеа 10.000 марки, а Нова Година чинеше 50.000 марки. Тоа е притисок што никој не може да го издржи. Работев седум дена во неделата и апсолутно сакав да се оддалечам од сцената. Избирам само места за душата. Естрадата е езеро полно со крокодили – рече Николиќ.

Патем, Маја е убедена дека ќе победи на Песна за Евровизија 2026.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....