2.8 C
Скопје
17:02 - 20 декември, 2024

Срцепарателна колумна на Ведрана Рудан: „Ја толкувам болката како танц на метастазите во моето тело…“

ведрана рудан

Писателката Ведрана Рудан неодамна откри дека има рак и рече дека повеќе не сака да пишува, туку планира да се посвети на лекувањето.

Сепак, нејзината љубов кон пишувањето е посилна и таа на својот блог пишува за тоа како се чувствува за време на лекувањето, какви мисли ѝ поминуваат низ главата.

Нејзините зборови како и секогаш се многу остри, без заобиколувања и директно погодуваат. Ведрана пишува за тоа како се чувствува пред својот сопруг за време на оваа борба, но и дека размислува за својот последен ден.

„Слушнав дека маж ми во домот отвора некоја врата. Побрзав кон купатилото и над себе ја навлеков наметката. Не сакав да гледа гола наказа. Четириесет отсто од мажите ги оставаат жените кога таа ќе заболи од рак, мојот маж не е меѓу нив, се грижи за мене дење и ноќе. Но сепак…Одеднаш ништо не ми пречи. Сите кукаа поради пеколните горештини. Ми беше чудно. Луѓе, е*ати горештините, бидете среќни, немате рак. Сега се вон себе зашто е студено. Облечете се, во што е проблемот? На сите им е студено а јас во стара тенка тренерка, зошто би трошела пари за нова, размислувам што на мене да навлечат кога ќе умрам. Можеби сепак оној зелен фустан кој ми го купи маж ми и која од старт ми беше број помала? Конечно ми стои совршено. И тие болки. Повремено ме боли грбот, па рацете, нозете, ништо драматично но секоја болка ја толкувам како танц на метастазите во моето тело. Со никого не можам за тоа да разговарам, Кејт е далеку, луѓето околу мене имаат други „проблеми“. Двапати сум видела како изгледа умирање од рак. Дали и јас ќе молам да ме убијат, а знам дека никој од оние што се околу мене нема да сакаат тоа да го направат? „Еутаназијата е играчка за богати“, овие денови рече Жарко Пуховски. Је*ига не сум богата. Пред половина час во главата ми заѕвони стх „Што се борат мислите мои“. Го изгуглав мислејќи дека ќе налетам на текст од некој кој полудува од рак. Је*ига. Звонко Богдан го мачат љубовни проблеми“, напиша Ведрана на својот блог.

 

Слични објави

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо
Се вчитува....