19:14 - 2 април, 2026

Совршена рибја чорба со зеленчук и лукче

Како да подготвите вкусна рибја чорба? Едноставно, ако ги знаете потребните намирници и тајните состојки.

Потребни намирници:

3 филети риба по желба,

1 домат,

1 главица кромид,

2 моркови,

целер по желба,

5 чешниња лук,

ловоров лист,

малку шафран (може но и не мора),

малку рузмарин,

црн пипер и сол по вкус,

200 мл бело вино,

1 коцка супа од зеленчук,

вода.

Подготовка

Исечкајте го зеленчукот на ситни парченца, особено добро изгмечете го лукот, па пропржете го со малку маслиново масло колку да омекне. Зачинете го со сол и црн пипер. Додадете ја коцката супа,виното и филетите риба исечкани на ситно. Покријте ги состојките со вода и оставете да се варат околу половина час.

Пред сервирање на чорбата потпечете лепче премачкано со лук и малку маслиново масло (или путер).

Потоа, сервирајте ја чорбата ставајќи го во неа потпечениот леб (или пак, посебно).

Слични објави

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо
Се вчитува....