12.8 C
Скопје
14:25 - 25 април, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Пилонидален синус или враснато влакно

Дијагнозата на пилонидалниот синус се воспоставува врз основа на анамнеза и клинички преглед на пациентот.

За оваа состојба постојат уште неколку компликувани стручни изрази (пилонидална циста, сакрококцигеална фистула), но всушност се работи за појавата широко позната како враснато влакно. Претставува формирање на цистична творба или ограничено гнојно воспаление (апсцес) локализирано во глутеалната бразда. Некои пациенти имаат само една циста додека кај други се создава фистуларна траекторија. Во голем дел од случаите, на површината на кожата се формира отвор преку кој се дренира гнојна содржина.

Сè уште не се знае точната причина која доведува до појава на пилонидален синус, сепак постојат повеќе теории кои го објаснуваат настанокот. Теориите главно се делат на два типа: резултат на генетски фактори и теорија за настанок под дејство на ризик фактори. Дијагнозата на пилонидалниот синус се воспоставува врз основа на анамнеза и клинички преглед на пациентот. Во одредени случаи може да се направи фистулорафија – дијагностичка метода со кое се прикажува поткожна проширеност на самата промена. Во текот на дијагностиката, бидејќи кожата во предел на сакрококцигеалната регија е во близок однос со ректумот, потребен е мануелен дигитален анален преглед.

Предоперативна подготовка

Во договор со ординирачкиот хирург, како и за секоја друга операција и во текот на оперативниот третман на пилонидалниот синус потребна е предоперативна подготовка. Таа вклучува:
Доколку има гнојна содржина, задолжително е да се земе брис за микробиолошка анализа и антибиограм минимум 7 дена пред планираниот оперативен третман.

Празнење на гастроинтестиналниот тракт со помош на лаксативи.

Стандардна предоперативна подготовка која е потребна за операција во општа анестезија.

Хируршко лечење на пилонидален синус

Оперативниот третман на враснатото влакно може да се изврши во локална анестезија. Но за поголем комфор на пациентите, се препорачува операција во општа анестезија. По спроведената тоалета на оперативното поле, преку фистулозните канали потребно е инјектирање на раствор од метиленско плаво. Доколку не е достапен раствор од метиленско плаво, може да се спроведе инјектирање на повидон јод. Оваа постапка е со цел да се случи пребојување на изменетото (воспаленото) ткиво, со цел да се направи одбележување/разграничување од здравото ткиво. По направената демаркација, се пристапува кон хируршко отстранување на изменетото ткиво до макроскопски (видливо со око) здраво ткиво. На тој начин се избегнува заостанување на изменето ткиво, односно се избегнува појава на повторна појава (рецидив) на пилонидален синус. Изменетото ткиво кое е отстрането потребно е да се испита од страна на патолог за поставување на дефинитивна патохистолошка дијагноза.

По направеното отстранување на изменетото ткиво, хируршкиот третман, во зависност од постоперативниот дефект, може да се финализира на три начини:

Ексцизија на изменетото ткиво со последователно затворање на оперативната рана преку шиење во повеќе слоеви во медијална средина.

Ексцизија на изменетото ткиво со последователно затворање на оперативната рана преку шиење со користење на асиметрични шавови (се применува во состојби каде што се очекува поголема тензија на оперативната рана)

Ексцизија на изменетото ткиво без последователно шиење, односно затворање на оперативната рана per secundam intentionem. Се применува при широки ексцизии каде се очекува голема тензија на оперативната рана, со голем ризик од појава на дехисценција на оперативната рана.

По спроведеното хируршко лечење, пациентите остануваат во болница најмалку еден ден. По отпустот од болница хирургот дава насоки за понатамошен третман во домашни услови во поглед на тоалета на оперативната рана како и хигиенско-диетски совети.

Во Клинка „Жан Митрев“ на располагање ви е д-р Живорад Коцевски кој има долгогодишно искуство во успешно решавање на овој проблем. За да закажете преглед јавете се на 02/3091-484.

Слични објави

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо
Се вчитува....