7.8 C
Скопје
21:35 - 16 март, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кога и зошто прв ортопедски преглед кај новороденчето

Честопати голем дел од родителите првиот ортопедски преглед го мешаат со ортопедскиот преглед што се прави во родилиште. Но, тој преглед е општ преглед за состојбата на колковите и на локомоторниот систем и не е ехосонографски направен од ортопед.

Во првата година од животот кај бебињата треба да се направат неколку редовни ортопедски прегледи: првиот најдоцна до 6-7 неделна возраст (околу два месеца), вториот на околу шестмесечна возраст и третиот по проодување.

Зошто е важен првиот ортопедски преглед и кога треба да се направи?

Ортопедскиот преглед кај специјалист треба да се направи во првите 6-7 недели од раѓањето. Целта е рана дијагностика и третман на можни деформитети.

Затоа клучно е уште при напуштање на родилиштето, родителите да бидат информирани дека треба новороденото да го однесат на ортопед на возраст од околу два месеца.
Од секојдневната практика, гледаме дека голем дел од бебињата ги носат на ортопедски преглед доцна, по третиот месец, а некогаш дури и по седмиот месец. Во вакви случаи може да се пропушти точна и навремена дијагноза и ран третман за дисплазијата на колкови, кои се неопходни за да се избегнат подоцнежните оперативни корективни интервенции.

Затоа бебињата мора да бидат прегледани ехосонографски веднаш по раѓањето, односно колку порано – толку подобро, а најдоцна до шестата недела.

Во земјите од ЕУ, овој тип преглед на новороденчињата е задолжителен и регулиран со закон, така што се спроведува во временска рамка до шестата недела од животот.

При првиот ортопедски преглед новороденчињата и доенчињата се прегледуваат целосно, односно се прави преглед на општата состојба на локомоторниот систем дали има присуство на одредени деформитети. Им се даваат насоки на родителите, на што да внимаваат и како правилно да го вежбаат и да го стимулираат новороденчето, исто така и насоки за витамин Д3 профилакса, која е многу важна за коските.
Освен клинички преглед, се прави и ехосонографски преглед по методата на Рајнхард Граф (Prof. Dr. Reinhard Graf), која е научно докажана и златен стандард кога станува збор за ехосонографски преглед на колковите.

Фото: Промо

Зошто е важен ехосонографскиот преглед?

Колкот кај новороденчињата и доенчињата во првите месеци од животот е ’рскавичен и поради тоа ехосонографијата е идеална и безбедна метода за користење.

Ехосонографскиот преглед се прави за рано дијагностицирање на развојните дисплазии на колкот (плитки колкови, исчашени колкови и нестабилни колкови).

Со точна дијагноза и ран третман можат да се избегнат подоцнежни корективни интервенции и последици.

Раниот ехосонографски преглед е неопходен за навремено дијагностицирање!

Д-р Марина Комненовиќ Специјалист ортопед

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете преглед или консултација на тел. 02 3091 484

Фото: Промо

Слични објави

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

(Фото) Ова е последната фотографија од Ксенија Пајчин! 48 часа пред смртта била со овој маж, се снимале во автомобилот

Еспресо
Се вчитува....