0.8 C
Скопје
18:13 - 24 ноември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дали сте чуле за ,,болест на првиот бакнеж“?

Инфективна мононуклеоза е инфективно вирусно воспаление што често се среќава. Претставува инфекција што ги засега лимфните јазли од валдејеровиот прстен, цервикалните лимфни јазли, тонзилите. Позната е и како „болест на прв бакнеж“ или „моно“, а најраспространета е кај тинејџерската популација. Неретко се сретнува и кај децата, но често се прележува недијагностицирано.

Етиологија

Причинител е Епштејн-Бар или хуман херпес вирус 4, кој го наоѓаме во сите телесни течности, но најчесто во плунката. Овој вирус е склон на пролонгирана циркулација, односно опстојување во човековиот организам, при што може да остави неповратни последици на повеќе органи и системи. При навлегување во човековиот организам вирусот веднаш почнува да се размножува (реплицира) во мукозните мембрани на клетките на назофаринксот (зоната на носот и грлото) од каде што потоа навлегува во циркулацијата и директно го напаѓа имунитетот, поточно б-лимфоцитите што продуцираат антитела. Инкубацискиот период може да биде од неколку денови до два месеца. Во просек околу 30 дена. Инфицирањето настанува при бакнување, при користење на ист прибор, исти чаши, лични предмети или контакт со телесни течности од инфицирано лице.

Клиничка слика

Започнува со симптоми на вирусна инфекција, се јавува зголемена температура, која во првите денови може да е околу 37-38°C, а потоа да се зголеми и над 39°C. Се јавува и општа слабост, со мускулни болки и болки во зглобовите. Постепено отекување на крајниците и на регионалните лимфни жлезди на вратот, околу вратот и аксиларно. Состојбата на тонзилите може да се влоши до загнојување, појава на лакуни и гнојни колекции во нив. Првите денови се појавува назална конгестија (затнат нос), исто така и хепатоспленомегалија односно зголемување на црниот дроб и на слезената, а може да се јави главоболка и кожен осип. Крвната слика покажува зголемени мононуклеари, леукоцити, лимфоцити, моноцити и атипични клетки. Често е придружено со повишено ЦРП и црнодробни ензими – трансаминази.

Дијагностицирање

Дијагностиката се прави во согласност со земена анамнеза, симптоматологија, направена лабораторија и испитување за присуство на Епштејн-Бар ИГМ+ИГГ антитела.

Компликации

Во ретки случаи може да се развијат секундарни бактериски инфекции како пневмонија или синуситис, како и стоматитиси. Во изолирани случаи се идентификувани дури и руптури на слезена, откажување на црниот дроб, акутна хепатална инсуфуциенција, хемолитична анемија, автоимуни болести /лупус еритематодес, дијабетес, ревматоиден артритис, тироидит Хашимото и невритис.

Третман

За лекување инфективна мононуклеоза најдобро е навремено откривање, со што би се спречиле компликациите, односно би се третирало симптоматски. Третманот е со високи дози витамини, мултивитамини и б-комплекс, ацикловир, парацетамол, аеросоли против болка за грло, деконгестиви за нос. Доколку е започната лакунарна ангина на тонзилите, тогаш во лекувањето се вклучува и антибиотска терапија. При користење пеницилински антибиотици во 80 отсто од случаите се јавува кожен осип по вратот, лицето, рамената и на горниот дел од грбот. При хепатоспленомегалија и зголемени трансаминази се користат хепатопротектори, имуномодулатори и специјална диета (нискомаслени млечни производи, варено месо, риба, морски плодови, зеленчуци, салати, овошје, растително пире и слично). Лекувањето може да трае во период од една до неколку недели, а следењето на пациентот треба да се спроведува до шест месеци, со цел да се утврди/исклучи присуство на атипични мононуклеари во крвната слика.

Д-р Данчо Шурков
Специјалист по оториноларингологија

Во клиничката болница „Жан Митрев“ ви стои на располагање стручниот тим оториноларинголози преку персонализиран третман за сите болести на уво, нос и грло. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо

Хороскоп за 24 ноември: На Овните им пристигнуваат пари, Раковите се на емотивна клацкалка

Еспресо
Се вчитува....