1.8 C
Скопје
08:10 - 23 ноември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Блефаропластика – корекција на очни капаци

Корекцијата на очните капаци првенствено ја побаруваат пациенти што посакуваат естетски третман од доменот на анти-ејџинг медицината, со цел да се превенира процесот на стареење.

Опуштањето на кожата околу очите е природен дел од стареењето, но пациентите можат да размислат за оваа операција ако сметаат дека овој процес доведува до нарушување на изгледот. Пациентите помислуваат на блефаропластика и ако нивните веѓи почнуваат да се спуштаат. Кај некои личности, блефаропластиката ги надминува овие козметички проблеми. Апсолутна индикација за блефаропластика претставува спуштеност на очните капаци до ниво што доведува до тешкотии на видот, во таа цел самата блефаропластика овозможува подобрување на видното поле.

Како изгледа процедурата корекција на очните капаци?

Во поголемиот дел од случаите се користи локална анестезија. Општа анестезија може да се користи ретко во зависност од желбата на пациентот. Во текот на операцијата прво се обработуваат горните очни капаци. Правило е локацијата на резот да се одбере така што постоперативната лузна ќе биде во потполност скриена и невидлива. Тука хирургот прави мал рез и го отстранува вишокот на кожно ткиво, мускулно ткиво или по потреба и периорбиталното масно ткиво. Блефаропластика на долните очни капаци обично подразбира отстранување на масното ткиво кое допринесува за создавање на „ќеси“ под очните, но понекогаш се отстранува и мал дел од кожното ткиво. Резот, исто така, може да се направи на работ на долниот очен капак под трепките на истиот. После изведената корекција на очните капаци, пациентот во најголем број случаи може да си оди дома бргу по самата интервенција.

Опоравување после операција на очните капаци

Опоравувањето од самата блефаропластика е релативно кратко во однос на некои други видови на операции. Доколку не се јават компликации, пациентот после операцијата може да оди дома. Важно е пациентот да одмори неколку дена после извршената операција. По спроведената операција, очекувана е појава на оток и хематом во периорбиталната регија, но овие очекувани појави се од минлив карактер. Во постоперативниот период не се очекува болка, но доколку се појави, се третира со медикаментозна терапија во домашни услови. Комплетното закрепнување после операција може да е со траење од една до две недели и истото е индивидуално кај секој пациент. Поради локалната апликација на анестетик во периорбиталната регија, очекувана постоперативна појава е транзиторно заматување на видот и чувствителност на светлина. После спроведената оперативна интервенција се советува избегнување на носење на контактни леќи во траење од минимум две недели. Оперативните рани се прекриени со завоен материјал, но окото не е затворено и притоа не пречи на видот. Завојниот материјал потребно е да стои во траење од пет дена. Петтиот постоперативен ден пациентот потребно е да се јави на преглед со цел да се отстрани шавниот материјал, а процесот е безболен.

Можни компликации

Бидејќи корекцијата на очните капаци претставува минимално инвазивна оперативна интервенција, таа се спроведува во амбулантски услови со локална анестезија. Поради тоа, оваа хируршка процедура ретко е проследена со компликации, освен појавата на оток и хематом кои се јавуваат речиси кај 80% од пациентите. Покрај оток и хематом, секако во тек и по спроведената хируршка корекција на очните капаци можна е појава и на други компликации како што се крварење, дехисценција (расцепување) на оперативната рана, некроза, инфекција, но користењето на фина оперативна техника и спроведувањето на адекватна предоперативна подготовка речиси во целост ги спречува овие компликации.

Инаку, може да се оперираат и горните и долните очни капаци во ист акт, но доколку е можно се советува корекцијата да се направи во два одвоени акти.

Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

Хороскоп за 23 ноември: Скорпиите ќе добијат неочекувани пари, Близнаците ќе имаат ситни проблеми со партнерот

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ посетува колешка на Карлеуша: Јавно ја објави локацијата, се работи за популарна пејачка

Еспресо

По трагичната загуба на сопругот, Тајчи има нова љубов: Овој музичар го освои срцето на југословенската пејачка

Еспресо

Колку ќе заработат српските пејачи за Нова година? Чолиќ и Пријовиќ се рекордери, Драгана Мирковиќ ќе има нов стан, Рајовиќ куќа на планина

Еспресо

„Телото ме боли, очите ми се суви…“: Мелина се огласи по разводот со Харис Џиновиќ и шокираше со својата порака

Еспресо

Јелена Карлеуша за 72 часа лансира парфем и спрејови за тело: Ќе носат моќно име

Еспресо
Се вчитува....