18:05 - 2 април, 2026

Сопругата на Дени Мастерсон бара развод откако судот ги потврди наводите дека актерот силувал две жени

Биџу Филипс поднесе барање за развод од актерот познат по улогата во серијата „Луди седумдесетти“, набргу откако беше осуден за силување на две жени, објави Си-Ен-Ен.

Бижу Филипс поднесе барање за развод во понеделникот во Санта Барбара. Двојката се венча во 2011 година и заедно имаат една ќерка.

Таа поднесе барање за развод помалку од две недели откако Дени Мастерсон беше осуден на 30 години до доживотен затвор за две точки од обвинението за силување.

„Госпоѓица Филипс реши да поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг во овој несреќен момент. Нејзин приоритет останува нејзината ќерка“, рече адвокатот Питер Лаузон во изјава за CNN во вторникот, додавајќи дека „овој период бил незамисливо тежок за бракот и семејството“.

Актерот, најпознат по улогата во серијата „Луди седумдесетти“, беше осуден на 30 години до доживотен затвор за силување на две жени на почетокот на септември.

Судскиот случај повторно ја разгоре контроверзноста околу Скиентолошката црква. Имено, 47-годишниот актер е нејзин истакнат член, а своите жртви ги запознал преку Скиентолошката црква. Обвинителите рекоа дека организацијата ги обесхрабрува жените да контактираат со полицијата.

Скиентолошката црква го отфрли тврдењето и рече дека религиозната припадност на Мастерсон не е поврзана со случајот.

Жените во своите излагања рекоа дека Мастерсон ги дрогирал и силувал во одделни инциденти помеѓу 2001 и 2003 година во неговиот дом во Холивуд Хилс.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....