5.8 C
Скопје
00:38 - 1 април, 2026

Сопарничката на Николина Пишек, со детали: „Бевме љубовници, испи чаша вотка, водевме љубов и заспа…“

Откако Николина Пишек го потврди она што се шпекулираше од денот на смртта на нејзиниот сопруг, дека тој починал во станот на љубовницата, бурата не стивнува.

Нејзиниот свекор Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, сè уште тврди дека тоа не е вистина, тој останува на верзијата дека неговиот покоен син бил на масажаа таа кобна вечер и се заканува дека ќе објави тетратка полна со имиња на мажи со кои водителката наводно го изневерувала Видоје.

Меѓутоа, како што неофицијално дознава српски „Курир“, Д.Б., девојката која била со сопругот на Николина кога тој починал на 8 мај минатата година на 44-годишна возраст, во текот на истрагата наводно во полиција изјавила дека се познаваат една година и дека имале секс таа вечер. Таа признала дека имаат сексуална врска.

-Таа девојка е сослушана од полицијата на лице место. Рече дека по професија е физиотерапевт и дека со Видоје се познава околу една година. Изјавила дека Видоје дошол во нејзиниот стан порано, околу 21 часот и 30 минути и дека ѝ донел фустан за роденден – вели изворот за српските медиуми и додава:

– Во полиција жената изјавила дека Видоје испил една чаша вотка по што имале секс. После тоа заспал. Во одреден момент, како што рекла, престанал да ‘рчи, што дотогаш не било случај и таа се посомневала дали е се во ред. Му пришла да провери дали дише, но открила дека не дава знаци на живот. Тогаш повикала полиција и дошла итната помош – тврди изворот за српски „Курир“.

Според обдукцијата пак, утврдено е дека Видоје починал од срцев удар. Утврдено е и дека во моментот на смртта бил во алкохолизирана состојба, со 2,9 промили алкохол во крвта.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....