18.8 C
Скопје
16:02 - 13 март, 2026

Сочно пилешко на грчки начин, рецептот е хит на Пинтерест

Пилешкото може да се подготвува на бројни начини и секогаш е вкусно, сепак овој рецепт е вистински хит на Pinterest, а во минатата година беше прегледан над 580.000 пати. Пробајте го и вие.

Од намирници потребни се:

 За пилешкото месо – 900 грама пилешки гради, 50 мл маслиново масло, 70 мл свежо цеден лимонов сок, 3 лажици исечкан лук, 1 лажица вински оцет, 1 лажица оригано, 70 мл јогурт, сол и црн пипер по желба.

Намирници за салатата од краставица – 2 свежи краставици, 70 мл лимонов сок, 2 лажици маслиново масло, 1 лажица вински оцет, 1/2 лажица исечкан лук, 1/2 лажица оригано.

Намирници за остатокот од оброкот – 300 грама ѕаѕики сос, 600 грама кафеав ориз, 600 грама чери домати, 100 грама кромид исечкан на кругови.

Подготовка

Во поголема пластична ќесичка направете миринада за пилешкото од маслиново масло, лук, лимонов сок, вински оцет, оригано, грчки јогурт, сол и црн пипер. Се добро измешајте па додадете ја смесата на пилешкото месо. Оставете пилешкото да отстои во мирандата најмалку половина час, а идеално би било преку ноќ во фрижидер.

Извадете го пилешкото од маринадата, испржете го на умерена температура, и ставете го настрана.

Сварете го кафеавиот ориз според упатството на пакувањето.

Направете салата од краставици. Измијте ги чери доматите и преполовете ги, а кромидот исечкајте го на кругови.

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо
Се вчитува....