8.8 C
Скопје
16:27 - 28 март, 2026

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Српската глумица Снежана Савиќ е родена на денешен ден, 6 март 1953 година во Великa Планa. Таа важи за една од најпознатите и најубавите актерки на просторите на поранешна Југославија, а со децении плени со својот талент, харизма и присуство на сцена. Нејзината професионална кариера започна во 1975 година по што следеа бројни филмски и телевизиски улоги.

Снежана Савиќ, покрај тоа што е исклучително талентирана глумица и пејачка, ја интригираше јавноста и со нејзиниот љубовен живот — кој бил полн со љубов, предизвици и важни животни одлуки.

-Главно, бев фатална по себе. Тука бев фатална. А за мажите не, секогаш бев несигурна. Ние сме генерации кои израснавме со родители кои многу строго патријархално нѐ воспитуваа. Тие не ни беа ветер во грб да речат: „Прекрасна си, ќерко, најдобра си, ќе бидеш најдобра. Слободно оди со подигната глава, никој не ти може ништо.“ Не, напротив, секогаш беа критички настроени. Секогаш нѐ критикуваа. Ова не е добро, ова мора да го поправиш, мораш тоа, мораш она… Секогаш имаше нешто што мораш“ — искрено рече Снежана во една прилика.

Се омажила уште додека студирала на Факултетот за драмски уметности — но тој прв брак не траел долго и останал делумно непознат јавноста.
Најпознатата љубовна врска во нејзиниот живот била со режисерот и сценарист Драгослав Лазиќ, кој бил 17 години постар од неа и со кого ја има ќерката Анита. Бракот не траел долго.
Снежана објаснила дека причината за разводот била желбата да ѝ овозможи на Анита стабилно и мирно детство, без да ѝ создава дополнителни животни тешкотии — особено кога станува збор за нови партнери или семејни динамики.

По разводот, Снежана не живеела потполно „во осаменост“ — во едно интервју откри дека долго време (околу една деценија) била во стабилна и нежна врска со човек што не е јавна фигура. Таа тогаш искрено кажала дека, без оглед на возраста, има право на љубов и блискост, да ужива во едноставните, искрени моменти кои го прават животот вреден.

„Убаво е да имаш деца. Сепак, јас си заминав од таткото на Анита. Се разделивме и не сакав да ѝ создадам траума, да има двајца татковци, две мајки. Сметав дека една траума ѝ е доволна во животот, а тоа е што нејзините родители не живеат заедно. Да доживее дополнителен ривалитет со децата што би ги имала со некој друг човек, тоа го избегнав, многу свесно жртвувајќи се за да не биде повредена повторно“, изјави таа.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо
Се вчитува....