17:02 - 6 април, 2026

Снежана Ѓуришиќ откри зошто нејзината ќерка не се занимава со музика, иако е врвна пејачка

Пејачката Снежана Ѓуришиќ отворено во емисијата „Гранд специјал“ зборуваше за нејзиниот однос со ќерката Маја и нејзините внуци кои живеат во Америка и откри дека разделбата сè уште ѝ е тешка.

Како што истакна, желбата на мајката за децата и внучињата никогаш не престанува.

– Не можеш да се навикнеш на тоа, секогаш ти недостигаат децата. Оваа работа има цена и семејството најмногу страда, особено кога станува збор за жените – рече Снежана и додаде дека нејзината ќерка Маја е исклучително талентирана, но никогаш не сакала сценски живот.

– Мојата ќерка Маја е пејачка пар екселанс. Никогаш не сакаше да ја работи оваа работа и секогаш велеше: „Не сакам моите деца да бидат желни за мене, како што ние бевме желни за тебе“ – призна таа.

И покрај далечината, Снежана наоѓа начин да биде со своето семејство секогаш кога срцето ѝ трепери.

„Не сум навикната да бидеме разделен, но фала му на Бога, сум во ситуација кога секогаш кога ми недостигаат, убаво се организирам, седнувам во авион и ги посетувам. Поминувам време со нив, дури и да се два дена.“

Снежана признава дека работата честопати ја оддалечувала од дома, па нејзините деца многу рано се осамостоиле, но нагласи дека и покрај сè, мајчинската врска останала нераскинлива.

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin
Се вчитува....