13.8 C
Скопје
23:46 - 25 октомври, 2026

Славчо Попоски најавува пороен дожд и засилен ветер, еве кога

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, во следните часови, како и утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено на југоистокот од државава, каде локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. И во делови од Скопската котлина ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Потоа во петок и во сабота ќе има краткотрајна стабилизација на времето, додека од недела па натаму повторно следува период на нестабилно време, проследено со попладневен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Долготрајна стабилизација на времето, како и вистинска пролет засега нема на видик во текот на овој месец.

Температурите малку повисоки ќе бидат во петок и во сабота и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека од недела, па во текот на следната седмица истите повторно ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината.

Да напоменеме дека локално можна е појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со услови за појава на суградица и на град – вели метеопрогнозерот Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....