11:02 - 31 март, 2026

Славчо Попоски најавува голем влажен бран, пороен дожд, значителен пад на температурите, невреме

– Во текот на денешниот ден Атмосферата во Македонија ќе биде постабилна. Голема промена на времето и тоа под влијание на ГОЛЕМ ВЛАЖЕН воздушен бран ќе има утре попладне и навечер, како и во сабота, кога на многу места ќе има ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Локално ќе наврне ГОЛЕМО количество на воден талог (над 30 л/м2), со што можни се и локални поплавувања. Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, и од утре па за време на викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека најсвежо ќе биде во сабота кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени, и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Позначително дестабилизирање на времето утре, како и за време на викендот ќе има и во Скопскиот регион, со што е можна појава на локално невреме и во овој дел од Македонија. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на електрични празнења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат. Уште да напоменеме дека во случај на појава на силен ветер, возачите своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до некоја несакана штета, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....