08:18 - 3 април, 2026

Славчо Попоски најавува ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури

– Денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите денес и утре ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени, додека од среда, а особено од четврток па натаму ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка. Тогаш максималните дневни температури насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат до 40 степени. Локално во овие предели температурите ќе надминуваат дури и 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината времето денес, како и во следните денови ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 33 степени, додека особено од четврток истите ќе надминуваат 35 степени.
НАПОМЕНА: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури кој се очекуваат во следниот период, и тоа особено од четврток па натаму, препорачуваме да внимавате на природата и да избегнувате движење во шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на пожари, вели Попоски.

Слични објави

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.
Се вчитува....