19:38 - 18 ноември, 2026

Славчо Попоски: Дали за утре ќе ви треба чадор?

– Под влијание на ТОПЛА воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време.

Краткотрајно и локално зголемување на облачноста ќе има само утре.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот во текот на утрешниот ден Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Температурите ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен, додека во југоисточните предели температурата се очекува да се искачи и до 22 степени.

Во Скопје се очекува слично време со температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 19 степени.

Снежната покривка поради невообичаено високите температури на воздухот на планините и на Скијачките центри е ЗНАЧИТЕЛНО НАМАЛЕНА и на Попова Шапка истата изнесува 30 см, во Маврово таа изнесува само 7 цм. Снежната покривка и понатаму ќе се намалува и тоа поради високите температури кој се очекуваат.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

На Нада Топчагиќ ѝ дошла полиција, соседите ја тужеле: „Златко сега треба да плати 25.000“

Еспресо

(Видео) Тренер жестоко ја критикуваше Сека Алексиќ за изјавите за лекот со кој ослабела: „Какви инјекции, децата треба да спортуваат“

Еспресо

Азис искрено призна: „Екстремно сум мрзлив, а тие сакаат…“

E.A.

Мирјана Антоновиќ се потсети на тешките мигови: „Непријатниот телефонски разговор со сопругата на Мирослав Илиќ ми остави длабока трага“

E.A.

Даниела Мартиновиќ за 20-годишната врска со Петар Грашо и врската со семејството Хуљиќ: „Вјекослава ми беше како мајка, а сега ја пронајдов среќата со Јосип“

E.A.

(Фото) Шехерезад во лежерно издание: турската актерка прошета низ Лондон во зелена јакна и црвена капа

Еспресо
Се вчитува....