8.8 C
Скопје
12:45 - 22 јануари, 2025

Скандалозното „интервју“ со Шумахер ја разбесни Германија: „Можам да застанам на нозе, но не би преживеал без семејството“

Пред повеќе од девет години, Михаел Шумахер имаше тешка несреќа на скијање на француските Алпи. Од овој трагичен настан, поранешниот пилот на Формула 1 е далеку од очите на јавноста, што новинарите на германскиот весник „Die Aktuelle“ го искористија како повод да направат скандалозно „ексклузивно“ интервју со седумкратниот светски шампион.

И додека никој не ја знае вистинската состојба на Шумахер, бидејќи неговото семејство ја штити неговата приватност, насловот со задебелени букви на насловната страница на весникот „Die Aktuell“ привлече внимание:

„Михаел Шумахер: Прво интервју“.

Сепак, секој што очекува вистинско ексклузивно интервју зад насловот, ќе биде измамен.

Така, зад целата акција стои лажен разговор, во кој уредниците на магазинот „Die Aktuell“ формулирале одговори на прашањата на интервјуто со помош на вештачка интелигенција.

Само како мал показател дека интервјуто е лажно, под задебелениот наслов со мали букви може да се најде додатокот „Звучи измамливо реално“.

За да се одржи изгледот на вистински разговор што е можно подолго за читателот, следниот цитат може да се најде во внатрешноста на списанието како поднаслов: „Мојот живот целосно се промени“.

Во текот на лажното интервју, Шумахер конечно дава одговори дали, на пример, во иднина ќе се врати во јавноста и каква е неговата здравствена состојба.

Вештачката интелигенција одговори дека Шуми „може да стои со помош на најблиските и дека без поддршката на неговото семејство немаше да преживее толку тешки години“.

„Ова е навистина неприфатливо“, напишаа револтираните читатели на социјалните мрежи, а не останаа имуни ниту бројните колеги новинари, кои остро го критикуваа скандалозниот потег на германскиот таблоид.

„Светот би бил подобро место без „Die Aktuell“, твитна германскиот медиумски експерт Борис Розенкранц, основач на Übermedien.

„Премногу глупаво за да биде вистинито. Оваа извонредна дрскост нема никаква врска со новинарство“, пишува Убермедиен во рецензијата.

Фановите на Михаел Шумахер исто така беа шокирани од потегот на таблоидот и се огласија на социјалните мрежи за да го истурат гневот и да го осудат срамното лажно интервју.

Да потсетиме, седумкратниот светски шампион се повреди на 29 декември 2013 година додека скијаше на француските Алпи, удирајќи со главата во карпа.

Иако носел скијачка кацига, се здобил со тешки повреди на главата и бил пренесен во болницата во Гренобл каде бил опериран и ставен во индуцирана кома.

Единствените изјави што ги слушнавме во изминатите девет години од неговата менаџерка Сабине Кем се општи и се однесуваат на тоа дека неговото семејство се обидува да направи се за Михаел Шумахер да се опорави и дека ја замолуваат јавноста да ја почитува приватноста.

 

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ сака да се омажи со Рале во црква до гробот на патријархот Павле: Тајно го посетила манастирот!

Еспресо

„Возев мотор на задното тркало“: Дејан Матиќ откри детали за детството, татко му не верувал дека е слеп

Еспресо

(Фото) Северина ужива на Малдиви и ја чита книгата на Ведрана Рудан: „Нејзиниот филм на јахтата ја оживеа Југославија!“

Еспресо

(Фото) Пожешка и од песокот во Дубаи: Теодора Џехверовиќ им го помати умот на мажите со секси фотографии

Еспресо

Хороскоп за 22 јануари: Овните ќе ги решат проблемите, Вагите ќе уживаат во љубовта, а вие?

apostolova

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо
Се вчитува....