0.8 C
Скопје
23:42 - 18 декември, 2024

Скандал во „Ѕвездите на Гранд“: По обвинувањата дека праќал експлицитни фотки на натпреварувачка, се огласи Ѓорѓе Давид

Рокерот Ѓорѓе Дејвид, кој е член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ е обвинет од една од кандидатките за натпреварувањето дека ѝ праќал непримерни пораки, снимки и фотографии обидувајќи се да ѝ се додворува.

Мирјана Поповиќ годинава се пријавила за натпреварувањето преку онлајн конкурс, но не поминала на аудицијата за понатамошно натпреварување. Таа вчера до српските медиуми ја доставила наводната преписка со Ѓорѓе Давид.

-Тој ме контактираше преку Инстаграм. Разговаравме за натпреварот, музиката, ми го даде својот број. Го прашав за часови по пеење. Набрзо ми испрати фотографии, снимки каде се наоѓа и што прави. Не ме интересираше. Тој бараше да му пратам мои слики, но јас грубо одбив! Видов дека неговото однесување станува многу безобразно, бидејќи мислеше дека е некој многу важен. Постојано ми испраќаше фотографии, несоодветни пораки, видеа и гласовни пораки. Воопшто не ми беше јасно што сака! Бурно реагирав. Му реков дека не ме интересираат такви работи, дека по годините може да ми биде дедо. Ако веќе сака нешто, нека бара жени над 50 години, па нека им се јавува и нека им праќа глупости, а не на нас децата – рекла Мирјана.

По објавувањето на преписката, се огласи и Ѓорѓе Давид.

-Таа навистина ме контактираше, но од сосема друга причина. Во целата приказна е вплеткан и минатогодишниот кандидат Жарко Маџиќ. Беше тоа во мај кога Жарко отпадна. Што ќе ѝ е сега ова, оваа монтажа, оваа приказна од контекст, не знам навистина. Прво ќе го проверам името, презимето и ликот затоа што го добив нејзиниот број и ѝ се јавив, но гласот и сликата не ми се поклопуваат. Звучи како 50-годишна жена. Ми кажа дека згрешила, дека немала намера за сето ова, но сега е готово, сигурно ќе се видиме на суд. Изгледа дека сето тоа го направила за да му се одмазди нему – изјавил Давид за српски Курир и истакнал дека членовите на жирито не знаат кои се кандидатите што се пријавуваат на конкурсот преку Интернет, а камоли нивното име и презиме, телефонските броеви или налозите на социјалните мрежи.

Учесникот на „Ѕвездите на Гранд“, Жарко Маџиќ го поддржа Ѓорѓе Давид во врска со аферата со Мирјана Поповиќ. Тврди дека и тој бил нејзина жртва.

– Мислам дека таа жена воопшто не постои. И мене ми праќаше слики, ама од неколку различни профили. Кога ми е досадно, сакам да се допишувам со перверзни ликови за да видам до каде одат. Таа им се јавува на сите. Еден ден Ѓорѓе ми кажа дека една девојка по име Мирјана ме спомнала. Тој и даде до знаење дека е откриена и го спомна моето име, па, тогаш почна хаосот. Таа веднаш упати најниски навреди на моја сметка. За среќа, Ѓорѓе ме познава, а таа ме претстави како психопат кој ја прогонува. Му реков да ја зезаме малку, да се пошегуваме со неа и толку. Свесни сме дека сето тоа може да се злоупотреби, што таа и го направи. Таа празна душа е исфрустрирана што никогаш не доби шанса да влезе во „Ѕвездите на Гранд“ – вели Маџиќ.

 

 

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо
Се вчитува....