01:42 - 6 април, 2026

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ не наликува на ниту една претходна врска што ја имал згодниот син на Светлана Ражнатовиќ. Иако Вељко важеше за фатален ерген и беше во бројни врски, сè се промени во моментот кога ја запозна Богдана.

Интересно е што прва ја забележала Анастасија Ражнатовиќ, а потоа и самиот Вељко. Богдана го освоила со своето држење, смиреност и недостапност, што кај Вељко разбудило уште поголем интерес и желба дополнително да се потруди околу неа.

Фото: Инстаграм

По неколку месеци врска, на нејзината рака засветкал веренички прстен, а свршувачката поминала во духот на традицијата. Љубовта била крунисана со брак во 2019 година, а неколку месеци подоцна на свет дошол нивниот прв син, Жељко.

Денес, Богдана и Вељко имаат три дечиња. А малкумина знаат со што точно Богдана успеала да го освои Вељко.

Фото: Инстаграм

Таа овие детали ги откри во емисијата „Цеца шоу“.

„Запознавањето со Вељко беше единствено уште од самиот почеток, што доведе до неверојатна поврзаност, а потоа и до создавање голема љубов и семејство кое за нас претставува вистински благослов.

Сè започна така што јас го одбив, затоа што знаев каков е. Тоа кај него разбуди уште поголема желба, а подоцна прерасна во голема љубов“, изјави Богдана.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....