7.8 C
Скопје
19:45 - 31 март, 2026

Синовите на Татјана и Новица успешни во Австралија, еве со што се занимаваат

Синовите на Татјана Лазаревска и Новица Василевски, Стефан и Петар го избраа својот пат во Австралија каде што повеќе од 10 години живеат со своите родители, нашите познати пејачи.

Гордата мајка објави видео од нив за кое може да се рече дека крушата под круша паѓа, а на него, Стефан и Петар свират тапани на една свадба на која Татјана пеела.

Синовите на Татјана и Новица, Стефан и Петар Фото / Фејсбук

„Петар и Стефан со тапаните свират за влегувањето на младите. Свадба македонска, убавина. Горди родители“, напишала Татјана Лазаревска.

Летово, Татјана и Новица со синовите беа во Македонија, а имаа и чести настапи, одеа на средби со пријатели и со семејството и максимално го искористија времето поминато во родната земја. Прва пристигна Татјана со едниот син, а потоа стаса и Новица со другиот.

Во јахуари оваа година, семејството Василевски прослави 10 години живот во Австралија. По тој повод семејството направи забава за најблиските и дуваа свеќички на чоколадна торта со бројот 10.

„20 Јануари 2015. На денешен ден пред точно 10 години пристигнавме во Австралија. Ја сменивме адресата, а ние останавме исти… Животот е убав“, напиша Татјана тогаш.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....