8.8 C
Скопје
11:40 - 1 април, 2026

Сиена Милер стана мајка по вторпат, прво дете со 15 години помладиот партнер

Сиена Милер стана мајка по втор пат – актерката роди девојче, пренесува „Дејли мејл“ повикувајќи се на свои извори. Самата Сиена се уште не ја коментирала оваа вест.

Бременоста на Милер стана позната во август 2023 година, откако актерката беше забележана во Шпанија со заоблен стомак.

Ова е прво заедничко дете за 42-годишната Сиена Милер и нејзиното 27-годишно момче Оли Грин. Актерката ја има и 10-годишната ќерка Марлоу од претходната врска со актерот Том Стариџ, од кого се раздели во 2015 година по четиригодишна романса. По раскинувањето тие одржуваа добри односи и заедно ја одгледуваат ќерката.

Сиена и Оли се запознале на забава по повод Ноќта на вештерките во 2021 година. Како што рече актерката во едно од нејзините последни интервјуа, таа го смета својот партнер, кој е 15 години помлад од неа, мудар за неговите години, а исто така забележува дека поради неговото воспитување и „растење во друга ера“, тој се однесува кон жените со почит.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....