8.8 C
Скопје
16:27 - 28 март, 2026

„Си го продадов лаптопот за 20 евра за да си купам виски“: Шокантна исповед на српската пејачка Дуња Илиќ

Пејачката Дуња Илиќ отворено проговори за најтешкиот период од својот живот, откривајќи дека поради зависноста од алкохол стигнала до точка да остане без пари, без документи и да спие на улица.

Во емисијата „Није све тако црно“, по долг период медиумска тишина, таа раскажа за драматичните искуства што ги поминала во последната деценија – борбата со алкохолот, смртта на блиски луѓе и турбулентниот љубовен живот.

Пејачката призна дека со алкохол почнала да експериментира уште на 13 години, а само две години подоцна веќе западнала во сериозна зависност.

Илиќ откри дека пресвртниот момент се случил во Неапол, кога останала без пари и документи.

„Кога завршив во Неапол на улица, тоа беше моментот кога сфатив дека морам да побарам помош. Ми украдоа сè, и пасошот. Бев подолго во Италија отколку што смеев и се плашев да одам во полиција за да не ме депортираат“, раскажа таа.

Во куферот ѝ останал само лаптоп вреден околу 800 евра, но и него го продала за симболична сума.

„Го продадов лаптопот за 20 евра само за да имам пари за виски тој ден. Спиев на душек на улица два дена, како бездомник“, признала пејачката.

На крајот сепак се обратила во полиција.

„Не ме казнија, само ги повикаа моите родители да дојдат по мене и да ме однесат назад во Србија, бидејќи немав документи“, објасни таа.

Тогаш, како што вели, сфатила дека го допрела дното.

„Разбрав дека сум станала бездомник. Да не бев пијана, никој немаше да може да ми ја земе торбата. Бев целосно немоќна“, додаде Илиќ.

Пејачката се осврна и на своето детство, кое го опиша како тешко, иако, како што нагласи, родителите многу ја сакале.

„Имав несреќно детство, но не затоа што родителите не ме сакаа. Напротив, тие ме сакаа многу“, рече таа.

Со својот татко, кој во меѓувреме починал, подоцна изградиле многу близок однос.

„Кога наполнив 18 години, станавме како најдобри пријатели. Му кажував сè, немавме никакви тајни. Имавме многу отворен и здрав однос“, откри пејачката.

По бурниот период, Дунја Илиќ вели дека денес се обидува да го врати својот живот на вистинскиот пат и да ја остави зависноста зад себе.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо
Се вчитува....