00:47 - 2 април, 2026

Шумахер тајно снимен после долги години криење: Испливаа нови детали за кобната несреќа, семејството молчи

Се појавија нови детали за здравствената состојба на легендарниот Формула 1 возач – Михаел Шумахер.

Наводно, повлијателните медиуми во Италија имале можност на анонимен извор да му платат дури еден милион евра за да добијат фотографии на кои се гледа моменталната здравствена состојба на Михаел Шумахер.

Легендарниот германски возач моментално е во тешка состојба, откако во 2013 година имаше несреќа на скијање, а од тогаш многу малку се знае за неговата здравствена состојба.

Анонимна личност многу блиска до повеќекратниот светски шампион во Формула 1 реши да ја искористи несреќата на славниот Шумахер и да заработи речиси една деценија по трагедијата. Според еден италијански весник, лицето кое го фотографирало и снимило Михаел Шумахер им понудило на најпознатите медиуми од Италија да ги купат фотографиите за милион евра, а потоа да му откријат на целиот свет како изгледа седумкратниот светски шампион повеќе од девет години по несреќата која го шокираше светот.

Според информациите кои се појавија, семејството знае за постоењето на овие фотографии, но се уште не сака на јавноста да го каже идентитетот на лицето кое се обидува да ги продаде на медиумите.

Од друга страна, италијанските медиуми наведуваат дека моментално ниту еден весник во таа земја не сака да ги купи и објави споменатите фотографии.

Да потсетиме, легендарниот Шумахер доживеа страшна несреќа во француски ски-центар во 2013 година, а оттогаш неговата здравствена состојба е обвиткана со мистерија. Семејството максимално ја штити приватноста на култниот возач, а само неколкумина имаат пристап до вилите во Швајцарија и Мајорка. Покрај семејството, Шумахер го посетија и неколку негови соработници и пријатели, како Жан Тод, со кој своевремено работеше во тимот на Ферари. Тод е само еден од неколкуте луѓе за кои сигурно се знае дека има контакт со Шумахер во последните години.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....