5.8 C
Скопје
03:08 - 31 март, 2026

Што точно се знае за состојбата на Кејт Мидлтон: Терапиите се во тајност, но во која фаза е ракот?

На Кејт Мидлтон ѝ е дијагностициран рак на 42 години, подложена е на превентивна хемотерапија, а засега се откриени само неколку детали за нејзината здравствена состојба.

На Кејт Мидлтон и е дијагностициран „неодреден облик на рак“. Во емотивната порака објавена во петокот вечерта, принцезата рече дека кога била подложена на голема операција на абдоменот во јануари, „не се сметало дека нејзината состојба е предизвикана од рак“. Операцијата која била извршена во клиника во Лондон била успешна. По 13 ноќи во болница, принцезата ја напуштила клиниката на 29 јануари.

Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да споделува дополнителни информации за формата или фазата на ракот кој ѝ бил дијагностициран на принцезата од Велс.

Деталите за терапијата на која Кејт се подложи не се прецизирани. Во пораката објавена вечерва, саканата принцеза рече дека лекарскиот тим ја советувал да посетува „превентивна хемотерапија“.

Постојат многу различни видови на лекови за хемотерапија, но сите тие делуваат на сличен начин. Ја запираат репродукцијата на клетките на ракот, терапијата го спречува нивното растење и ширење во организмот.

Кејт истакна дека е „во рана фаза“ на лекување, но не се знае во која фаза е ракот.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....