14.8 C
Скопје
11:54 - 14 март, 2026

Што појадуваат децата на Новак Ѓоковиќ секој ден: Билна исхрана подготвена од навечер

Instagram

Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, многу внимава на исхраната, а таа грижа ја насочи и кон своите деца, синот Стефан и ќерката Тара.

Јелена не сакала други да подготвуваат храна за нејзините деца, туку се труди секое утро сама да им приготвува вкусни јадења.

Иако ретко зборува за приватниот живот во јавност, таа откри што подготвува за појадок за своите малечки.

– Понекогаш мерите се различни, но горе-долу секогаш е исто: чиа семе, коноп, мака-семки, црница, лен, какао, кокос, каму маму, ванила и овес плус кокосово млеко. Утрото на ова само додавам свежо овошје и свежо цеден овошен сок, напиша Јеленана својот инстаграм-профил и покажа фотографија од појадокот кој се подготвува уште од претходната вечер, така што наведените намирници ги преливаме со кокосово млеко, ги покриваме и ги оставаме да отстојат до утрото.

Од малост, Јелена на Стефан често му подготвувала пире од банана и авокадо кои понекогаш ги засладувала со мед, јаворов сируп, рогач во прав или сируп од агава.

– Сакам се да подготвам навечер, бидејќи моето малечко е утринска птица полна со енергија штом ќе се разбуди. Затоа ги планирам утринските оброци за сите нас од навечер. Ми требаат пет минути за да ги подготвам, вели Јелена.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо
Се вчитува....