7.8 C
Скопје
10:35 - 1 април, 2026

Што (не) треба да се прави на првиот ден од Божиќниот пост: „Не само она што е во устата, туку и она што е од устата“

За православните, строгиот 40-дневен Божиќен пост започнува денес, на 28 ноември (ќе заврши на 6 јануари, односно на Бадник). А тоа значи дека од денес стапуваат на сила голем број рестрикции кои се однесуваат и на навиките во исхраната и на однесувањето.

Значи, од 28 ноември, пред сè, треба да престанете да јадете јајца, месо, млеко и неговите деривати. Во понеделник, среда и петок, растително масло е исто така забрането. Рибата може да се јаде само во сабота и недела и на големи црковни празници.

Секако пред да се ограничите, треба да се консултирате со лекар.

Сепак, многу поважно ќе биде во време на постот – како што велеле нашите претци – „не само она што е во устата, туку и она што е од устата“.

Со други зборови, од 28 ноември строго се забрануваат кавги, озборувања, па дури и разводи. Во овие 40 дена, треба да се обидете да не подлегнете на негативност и да не искажувате – ни преку зборови ни преку однесување ниту мисли – негативност кон другите.

Воедно, од овој ден не треба да се организираат собири и учество на забавни настани. Следните 40 дена треба да се поминат тивко и спокојно за да се исчистат телото и душата пред светлиот празник Рождество Христово.

Алкохолот е вклучен во листата на забрани за овој период. Пра-пра-бабите предупредија: оние кои не послушаат и пијат барем малку алкохол ќе го осудат својот живот на страдање.

Од 28 ноември до 6 јануари не треба да се организираат ни свадби и веридби, берувале нашите претци, и советувале да се откажат за после 6 ајнуари. Во спротивно, велат народните верувања, бракот ќе биде или краток или несреќен.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....