4.8 C
Скопје
02:59 - 26 декември, 2024

Што мислел Никола Тесла за смртта: „Запомнете: ниту еден човек кој некогаш постоел, не умрел“

Човекот се обидува да најде одговор на прашањето што доаѓа по смртта уште од почетокот на цивилизацијата. Но, можеби одговорот лежи во цитатот на брилијантниот научник Никола Тесла.

За разлика од Ајнштајн и другите научници, Никола Тесла не го ограничи своето размислување само на експерименталната физика. Тој беше во духовност и тврдеше дека Библијата имала позитивно влијание врз него во неговите рани денови.

– Дарот на умствената моќ доаѓа од Бога, божественото битие, и ако го концентрираме умот на таа вистина, стануваме во склад со оваа голема сила. Мајка ми ме научи да ја барам целата вистина во Библијата; затоа, следните неколку месеци ги посветив на проучување на ова дело – објасни Тесла.

Точно е дека Тесла беше далеку пред своето време, како и пред нашето време. Тој предвиде безжичен пренос на енергија, интернет, роботи, самоуправувачки автомобили и паметни телефони.

Но, што мислеше тој за смртта?

– Смртта не постои, а со тоа сознание исчезнува стравот од неа. И запомнете: ниту еден човек кој некогаш постоел, не умрел. Се претворија во светлина и како такви продолжуваат да постојат. Тајната е во тоа што овие светлосни честички се враќаат во првобитната состојба. Се враќаат во една од претходните енергии. Христос и некои други ја знаеле оваа тајна. Барав како да ја зачувам човечката енергија. Тоа е една форма на светлина. Душата е еднаква на врховната небесна светлина. Не го барав тоа за себе, туку за доброто на сите. Верувам дека моето откритие ќе го направи животот на луѓето полесен и поподнослив и ќе ги насочи кон духовноста и моралот – се зборовите на Тесла.

Тесла објаснуваше како прво постоела енергија, а потоа материја. И целата таа материја е родена од вечната енергија на светлината – од ѕвездите и планетите, од човекот и се останато во Универзумот.

„Се што живее е во длабокаи прекрасна врска: човекот и ѕвездите, амебите и сонцето, срцето и движењето на бесконечен број на светлини“ – зборуваше Тесла.

„Нашето помнење зависи од тоа: се што еднаш сме виделе, слушнале или прочитале, останува со нас во форма на честичка на светлина“.

Светлината, според Тесла, објаснува и како функционира нашиот мозок. И што се случува по смртта.

„Мојот мозок е само приемен уред. Во Универзумот постои одредена срж од каде го црпиме знаењето, силата, инспирацијата. Не проникнав во тајната на оваа срж, ама знам дека таа постои“, рекол Тесла и додава дека големата мистерија за животот по смртта допрва треба да биде разрешена, но дека знае дека смрт не постои, односно дека „смртта не е крај“.

 

Слични објави

Приведена Гога Секулиќ: Сè се случило на границата со Хрватска, со неа бил и нејзин колега

Еспресо

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Еспресо

(Фото) Адам Лабунски објави слики со ќерката Хана: „Моето мало девојче“

Еспресо

Ова се најскапите свадби на српската естрада: Милиони евра, лимузини, специјалиети и светски креации

Еспресо

(Фото) Се стегна во зимско одело: Јована Јеремиќ скија со дијамантскиот прстен на рака, ја диктира модата и на снег

Еспресо

Интервју со д-р Дејан Ставриќ, пионер на фако хирургијата во Македонија: Катарактата спаѓа во најуспешните и најбезбедни оперативни методи

Еспресо
Се вчитува....