23:15 - 5 април, 2026

Што би била да не е пејачка? Александра Пријовиќ одговори на интересно прашање

Пејачката Александра Пријовиќ по успешните концерти во Загреб одговори на интересно новинарско прашање.

„Ќе те ставам во една хипотетичка ситуација. Веќе повеќе пати потврди дека си фантастична пејачка, а потврдите се нижат и понатаму, но мене ме интересира да не си пејачка, како би заработувала за леб? Како би преживувала? Кој би бил твојот план Б?“ – праша новинар.

„Јас сум многу снаодлива, да не се занимавам со оваа работа, сигурно би нашла нешто. Но ова отсекогаш беше мојот повик, јас знаев дека ќе бидам пејачка, за мене ништо друго не постоеше. Иако мене многу работи ме интересираат, па така, сигирно би се нашла“ – му одговори Пријовиќ.

„Минатиот пат ми рече дека сакаш да чистиш дома, ете, можеби чистачка“ – додаде новинарот од Хрватска, на што Александра со гордост одговори.

„Сакам. Зошто да не? Човек се снаоѓа како знае и умее“.

Потсетуваме, моментно најпопуларната пејачка во регионот Александра Пријовиќ нема завршено средно училиште.

Откриени детали за престојот на Александра Пријовиќ во Загреб: Само за хотелот дала 17.000 евра

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....