11:35 - 31 март, 2026

Шокантно сведочење на соседите на Џереми Ренер за несреќата: „Му го видов черепот, ја промени бојата на кожата, мислам дека беше на секунди мртов…“

Соседите на актерот Џереми Ренер, Рич Ковач и Барб Флечер, се сетија на детали од несреќата со машината за чистење снег која му се случи на познатиот актер на 1 јануари.

Ренер бил однесен во болница откако машината за чистење снег почнала да се лизга и го згмечила актерот. Тој беше пуштен од болница дури на 17 јануари, од кога се опоравува дома.

„Нему му излегуваше крв од ушите, од носот сигурно. А потоа окото, изгледаше како да е истуркано нанадвор“, рече Ковач во интервју за Дајан Соер на ABC.

Во меѓувреме, Флечер даде некои застрашувачки детали откако ABC пушти аудио каде можеше да се слушне како актерот офка од болка за време на повикот на Ковач на 911.

„Мене ми изгледаше како навистина да беше мртов неколку секунди“, објаснува Флечер.

„Во еден момент, тој едноставно ја промени бојата на кожата во сиво-зелена, и во срцето почувствував како да го изгубивме за секунда“.

„Тој ги затвори очите. А јас само се обидов да го задржам буден. Навистина чувствувам дека деше мртов неколку секунди.

Ковач додаде дека бил шокиран кога ја сфатил количината крв што ја имало околу Ренер.

„И одеднаш се виде сета негова огромна болка“, забележа тој.

„И звуците што излегуваа од него – и имаше толку многу крв во снегот“.

„И тогаш, кога ја погледнав неговата глава, ми се чинеше дека е сосема испукана. И можев да видам бело, не знам дали тоа беше неговиот череп… можеби тоа беше само моја имагинација, но така  видов“, завршува Флечер со страв сеќавајќи се на глетката од несреќата.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....