6.8 C
Скопје
22:54 - 25 март, 2026

Шокантна изјава на Весна Змијанац за нападот врз куќата на Чолиќ: „Тоа е класичен рекет“

Пејачката Весна Змијанац проговори за актуелните случувања на естрадата – од инцидентот со експлозивна направа во близина на домот на Здравко Чолиќ, до гласините околу породувањето на Милица Тодоровиќ.

Во разговор со српските медиуми, Змијанац откри и детали за својот претстоен концерт во Белград, нагласувајќи дека психички веќе се подготвува за настапот.

„Сè уште не сум почнала вистински подготовки, но во глава сум подготвена, а тоа е најважно. Сакам да бидам облечена удобно, ништо да не ме стега, затоа што моите песни се тешки и бараат многу емоција. Имам зад себе многу концерти и сигурна сум дека ќе биде прекрасно. Сега пеам подобро од порано“, изјави Весна.

Таа се осврна и на колегите од естрадата, спомнувајќи дека иако некои од нив јавно ги сакаат нејзините песни, не ѝ се јавиле во врска со концертот. Додаде дека салата „Арена“ е веќе распродадена и дека не планира посебни прес-конференции. Призна и дека ќе се обиде да го намали бројот на цигари, а дали ќе има втор концерт ќе зависи од нејзиното здравје и кондиција.

Говорејќи за инцидентот поврзан со домот на Здравко Чолиќ, пејачката беше директна:

„Тоа не е добро, воопшто не е добро. Ова е класичен рекет. Времињата се лоши, ме потсетува на некои минати времиња и тоа навистина не ми се допаѓа. Јас никогаш не сум имала обезбедување, но јас сум поинаква приказна“, изјави таа.

Змијанац се осврна и на неодамнешната киднапирање на пејачот Даниел Кајмакоски, истакнувајќи дека естрадата често е првиот показател дека времињата се нестабилни.

„Се надевам дека сето ова е само случајност и дека нема да се повторува“, порача пејачката.

Весна го кажа и својот став за Милица Тодоровиќ и шпекулациите дека добила дете со оженет маж.

„Па што ако родила дете со оженет маж? Родила дете – тоа е најважно. Мажот знаел што прави, не е малолетен. Јас ѝ честитам. Таа е во години кога треба сериозно да размислува за мајчинство. Мило ми е што има син, како и да е. Нека ужива, од срце ѝ честитам“, изјави Змијанац.

 

Слични објави

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Мина Наумовиќ не се враќа во „Амиџи шоу“: Откриено зошто не сака да соработува со сопругот

Е.А.

(Видео) „За нашиот Маринко“: Огњен Амиџиќ ја исполни големата желба со нова песна – се слуша и гласот на Маџгаљ

Еспресо

Како настанала песната „Загрли ме“ на Здравко Чолиќ? Се појави снимка со Арсен Дедиќ од пред половина век

Еспресо

Зорица Брунцлик е пуштена на домашно лекување

Е.А.
Се вчитува....