8.8 C
Скопје
11:01 - 1 април, 2026

Шестмина загинаа, а 38 се повредени во експлозија на најфреквентната улица во Истанбул ВИДЕО

Турската телевизија НТВ јавува дека силна експлозија денеска попладне одекнала во прометна пешачка улица во центарот на Истанбул, а им шест лица загинати , а 38 се повредени.

По експлозијата на најфреквентната улица Истиклал во центрот на  Истанбул гувернерот Али Јерликаја на Твитер напиша дека експлозијата се случила во 16:20 по локално време.

Како дошло до експлозијата засега не е познато.

На видеоснимките на социјалните мрежи се гледа пламен и пешаци кои бегаат, како и возила на итна помош и полиција.

Турскиот огранок на американската телевизија Си Ен Ен во првиот извештај од лице место објави дека има 11 повредени и дека улицата е популарна меѓу туристите и локалното население, зашто во неа има низа продавници и ресторани.

Турција беше мета на бомбашки напади меѓу 2015 и 2017 година од џихадисти од Исламската држава и од забранетите курдски организации.

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....